понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 64

Сијарто: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат мнозинство и треба без проблеми да ја формираат новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го задржаа мнозинството во македонскиот парламент по вчерашниот изборен ден и ние како пријателска земја очекуваме набрзо да формираат стабилна владина коалиција.

nikola-poposki-sierto

Ова денеска го порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, по денешниот работен појадок на Советот на ЕУ со македонскиот министер Никола Попоски, што тој и неговиот австриски и словенечки колега, Себастијан Курц и Карл Ерјавец го организираа во Брисел, јави дописникот на МИА.

Честитајќи и на Македонија на успешниот изборен ден со организирање на фер и демократски избори, Сијарто посочи дека Македонија го положила тестот на демократија на кој била ставена од страна на Европската унија.

– Сакаме да им честитаме на нашите македонски пријатели, бидејќи изборите беа одржани на слободен и фер начин. Мислам дека нема никој што би можел да покрене било-каква загриженост за тоа. Ако се земат предвид критиките од Еворпската унија и другите западни сојузници против Македонија од претходно, последните очекувања беа дека треба да има слободни и фер избори, како крај на процесот што го гледавме изминатите месеци и години. Сега е тоа овозможено и одржани се слободни и фер избори, без жалби, за што честитаме, истакна Сијарто.

Првиот човек на унгарската дипломатија им ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и порача дека се очекува оваа владина коалиција со истите партнери во овие две партии да продолжи да функционира и во следите четири години.

– Им честитаме и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, бидејќи сегашната владина коалиција го задржа мнозинството во парламентот и сега, она на што се надеваме како пријатели и соседи на Западниот Балкан, е дека ќе се формира стабилна коалиција, стабилна Влада со мнозинство во македонскиот парламент. Исто така, се надеваме дека земјата ќе се задржи на патот кон европската и евро-атлантската инеграцијата, што беше апсолутно камен-темелник на политиката на досегашната Влада, која сега победи на петтите парламентарни избори по ред, додаде Сијарто.

извор:курир

#Коментари

Коментари

коментари