вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 73

ДНК имаа ново видео, ама Панчо и Андреј ги нема во приказната, туку „Некој друг“ е на нивно место

img_9259

„Некој друг“ е насловот на баладата од матријалот на актуелниот студиски албум „Уште еден ден“ за која момците од рнб двоецот ДНК деновиве снимаа спот и со тоа решија да ја заокружат оваа за нив мошне успешна година.

img_9258

Станува збор за една од омилените песни на Панчо и Андреј, која со оглед на фактот дека ужива таков статус ќе добие и посебен видеозапис.

Видеото за „Некој друг“ ќе биде прво видео во кое главните улоги им припаѓаат на професионални актери – Драгана Левенска и Александар Михајловски.

img_9242

 

Овојпат Панчо и Андреј немаат допирни точки со приказната во видеото и нив всушност ги има само во кадрите во кои се појавуваат со членовите на бендот кој ги придружува веќе некое време на сите настапи.

 

 

Спотот е замислено да изгледа како мини филм со  трогателнаприказна.

screenshot_5

Кадрите за видеото се снимени под режисерската палка на Бане Поповиќ и неговата Томато продукција, веќе проверените соработници на ДНК, и на неколку локации низ Скопје – како што се хотелот Парк, потоа едно детско игралиште во Влае, а бендовскиот дел во дел од просториите на ЈСП-Скопје.

img_9256

 

Колку за потсетување дел од бендот кој го следи рнб двоецот на настапите се: Влатко Георгиев – клавијатури, Никола Бочваров – бас, Танче Гроздановски – гитара, Сашо Николовски – тапани. Горан Папаз – сакс и Сара Николовска и Ана Костадиновска – придружни вокали.

img_9261

„Снимањето е комплетно завршено, сега се е во рацете на Поповиќ кој треба да ја спакува приказната. Не се сомневам дека ќе имаме одлично парче кое јавноста ќе може да го види кон почетокот на следната година. Со оглед на тоа дека „Некој друг“ е наша омилена балада сакавме истата да добие и спот каков што доликува. Задоволен сум од она што го сработивме, верувам дека така ќе биде и кога ќе го имаме крајниот производ“ -вели Панчо.

 

#Коментари