среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Јана Бурческа за Евровизија: Македонија можеби ќе настапи со песна од странски автор

image00015

Младата пејачка Јана Бурческа која пред неколку години на јавноста и стана позната преку музичкото шоу „Македонски Идол“ каде се издвои со својот талент и харизма, е македонскиот евровизиски претставник во 2017 година во Киев.

Кога се појави пред камери Јана беше слатка тинејџерка која ветува за домашната музика,  а иако не остана перманентна, по извесен период  Јана  повторно реши да и се врати на сцената. Нејзиниот последен настап беше на „Скопски фестивал 2015“ каде настапи со песната „Јас и ти“и блесна во сиот свој сјај.

Деновиве Македонската Радио Телевизија откри дека токму Јана Бурческа е нашиот претставник на годинешната Евровизија во Киев, за што таа вели дека била и повеќе од изненадена. Имено, тоа беше сосема доволна причина да поразговараме со младата пејачка  која безрезервно ја прифати нашата покана за разговор и градска авантура на две тркала со популарната направа Сегвеј.

image00016

Иако годинава не се одржа „Скопски фестивал“, Македонската телевизија категорично одлучи да застанеш на евровизиската сцена во Киев. Како реагираше кога ја слушна оваа голема вест?

  • Најпрво со неверување, па со занемување. Потоа вчудоневиденост и изненадување. Па ме обли неконтролирана возбуда.

Мислиш ли дека е вистинското време за еден таков крупен чекор?

  • Мислам дека е вистинскиот чекор за мојата кариера.

Евровизија е престижен музички натпревар кој претставува еден од најголемите аспирации на изведувачите. Очекуваше ли ова да ти се случи сега?

  • Воопшто не очекував, и како што опишав во првото прашање, бев многу изненадена.

Македонската публика не ретко знае негативно да реагира за изборот на песна и претставник од Македонија. Како влијаат на тебе ваквите коментари, дали си подготвена за критики?

  • Негативните коментари ги очекував и се сосема природни. Нема човек кој може да се допадне секому. Подготвена сум и благодарна на конструктивни критики, бидејќи од нив најмногу се учи.

image00013

До каде се подготовките за песната и дали е веќе познато кој ќе работи на истата?

  • Моментално сме во процес на прибирање композиции од автори ширум светот, а до сега на мејлот на менаџментот на МРТ се пристигнати околу 100 композиции. Авторскиот тим не е познат.

Каква песна сметаш дека најдобро би одговарала на твојот музички сензибилитет – преферираш да биде по твој терк или по евровизискиот во однос на стилот?

  • Идеално би било да се направи спој на она што јас милувам да слушам и изведувам, а тоа е диско, фанк и соул, со евровизиски шмек.

Во досегашните евровизиски претставувања на Македонија, се пеело на македонски, англиски или комбинација од двата јазика. Кое е твоето мислење по ова прашање?

  • Песна на англиски јазик допира до многу поширока публика.

Што значи за Јана Бурческа претставувањето на Евровизија?

  • Отворање безброј врати, рушење предрасуди, надминување лични граници во безброј аспекти.

Што би им порачала на твоите обожаватели и целата македонска нација – што да очекуваат, а да не бидат изненадени?

  • Нека очекуваат енергичен, свеж и модерен производ, позитива, многу труд и огромно себе-вложување. Сето ова би било двојно полесно со поддршка од публиката.

image00006

Се покажа како една од најхрабрите на Сегвеј. Опиши ни го искуството…

  • ПРЕЗАБАВНО! Сакам пак. Кога ќе пораснам ќе си купам Сегвеј.

Иако возраста и не е толку важен фактор за управување со оваа урбана направа, колку практична може да биде во секојдневието на еден млад човек?

  • Можам да се замислам како движам низ Скопје со оваа направа. Предноста е што може да се движи по пешачки патеки, ослободен од сообраќаен метеж, но со поголема брзина од просечен пешак.

image00001

Колку е лесно или тешко да се совладаат техниките за управување?

  • Моето лично искуство покажува дека е многу лесно да се совладаат техниките за управување.

Што најмногу ти се допадна кај овој модерен гаџет кој е вистински хит низ светот?

  • Леснотијата во движењето и едноставноста на управувањето.

Ниеден од нашите досегашни авантуристи кои го искусија Сегвеј не сакаа да се симнат од него, а случајот беше ист и со тебе. Се станува ли зависник по првото возење?

  • Одговорот на ова прашање е апсолутно позитивен.

И за крај. Зошто ова уникатно и современо превозно средство би можело да биде твојот избор за пофлексибилно и позабавно секојдневие?

  • Едноставно е да се дефинира, лесно е за управување, практично за избегнување метеж, брзо, еко-френдли.

image00010

image00002

image00008

image00007

#Коментари
[fbcomments]