вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 43

Македонска Каменица може со нив да се гордее: Lithiüm – „Grey diary“ (ВИДЕО)

screenshot_2

Lithiüm е името на новиот  пост-гранџ бенд кој доаѓа од Македонска Каменица. На 14 декември, 2016 година го објавија својот прв сингл и видеото за него, насловен „Grey diary“.

screenshot_3

Како што самите членови на бендот најавуваат, песната ќе се најдат на нивниот предстоен дебитантски албум. Бендот е составен од тројца членови: Мартин Ангеловски – гитара и вокал, Иван Стојковски – бас и вокал и Давид Ѓорѓиев – тапани, кој има само дест години.

screenshot_1

Комплетен автор на песната ( музика, текст и аранжман) е Мартин Ангеловски. Песната е снимена, миксана и мастерирана од Иван Тренчевски – IT Music Production.

screenshot_4

Видеото го изработиле BULL Production, а за режијата и комплетната визуелизација се погрижил Андреј Ѓорѓиевски, кому му асистирал Ненад Карчов. Во видеото се појавуваат како актери Марија Лукаревска и Мартин Климовски, а како сето тоа звучи изгледа слушнете и погледнете тука:

#Коментари
[fbcomments]