понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 50

Зошто фитнес и аеробик инструкторите од СЦ „Јане Сандански” препорачуваат вода со лимон

fitnesinstruktori1

Толку едноставно, а толку многу корисно – велат инструкторите во фитнес и аеробик центрите во Спортскиот центар Јане Сандански. Штом се рассоните наутро сè што треба да направите е да исцедите лимон во една чаша млака вода, или пак да ставите 2-3 парчиња лимон во чашата.
Зошто?
Затоа што водата со лимон го прочистува вашето тело. И покрај киселиот вкус на лимонот, тој е одличен извор на алкална храна, а тоа значи дека ја балансира pH вредноста. Докторот Франк Липмен вели дека една чаша вода со лимон наутро го буди црниот дроб и ги мие токсините во вашиот организам.
Лимоните го хранат вашето тело со магнезиум, калиум, бакар и 112 милиграми витамин Ц. Има само 60 калории, а 3 грама протеин.

lemon-water
Лимонот содржи пектин, тоа значи дека вашето тело цел ден апсорбира хранливи материи и овозможува храната лесно да поминува низ вашиот систем. Освен лимонот, постои и антиоксидант наречен д-лимонен кој го има и во портокалот, но е најзастапен во кората на лимонот. Овој антиоксидант активира ензими во црниот дроб кои се дел од првата и втората фаза од процесите на детоксикација, т .е прочистување.
Три литри вода со лимон во денот освен што го прочистува и освежува телото, исто така го забрзува метаболизмот за 33%. Тоа согорува околу 100 калории плус во денот.
Друга важна придобивка од водата со лимон е тоа што ја прави важата кожа посвежа и поздрава. Антиоксидантите ги намалуваат недостатоците на кожата, дури и брчките.
По сето ова, задолжително пијте млака вода со лимон секој ден за вие и вашето тело да бидете поздрави, посвежи и полни со витамини.

 

#Коментари

Коментари

коментари