недела, 30 април 2017  |  Вести денес: 53

Јелена Розга како „Модерна жена“ за која зборува цел регион! (видео)

По пет години, Јелена Розга издаде права бомба за слушателите во пресрет на третиот солиситички албум под интересно име „Модерна жена“.

Комбинација на елегантан призвук  на некогашната мелодија на групата „Магазин“ и денешни „модерни“ ноти, досега овој албум е најдоброто дело на Јелена.


Претходната недела албумот беше најавен со песната „Писмо глава“, која досега има импонзантен број на прегледи на Јутуб. Фасцинатен е и стајлингот на Розга во спотот, кој носи порака на модерна и моќна жена.

На овој свет модерната жена чекори со срце и разум, двете ни се потребни во животот. Среќа знаеме кои сме….разумно да останеме тоа што сме, кратко ја опиша Јелена „Модерна жена“ во чии стихови се пронајде  секоја жена, поради што песната спонтано беше наречена “женска химна“.

Ни останува да ги слушнеме и другите песни, а многу од нив ќе се најдат на „repeat“  во Вашата музичка листа.

Албумот го потпиша веќе проверена музичка екипа, брачниот пар Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Пера Козомора, Душан Бачиќ и првпат Сашо Лазиќ.

#Коментари
[fbcomments]