понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 64

Џамбазов скрши шише од глава за крај на емисијата која ќе се памети! (ВИДЕО)

Во саботата на Телма имавте прилика да го погледнете второто продолжение од специјалното гостување на легендарниот Игор Џамбазов во нашето најгледано ток-шоу,  „Еден на Еден“.

Во првата емисија Игор и Жаре се јавуваа во полициска станица, но овој пат маестро Џамбазов отиде чекор подалеку, па пред камерите, верувале или не, искрши стаклено шише од глава!

Со оваа епизода Жаре и Игор дефинитивно влегоа во историјата. Сите гостувања на Џамбазов во “Еден на Еден” биле фантастични, но со оваа емисија ретко која може да се носи.

На Игор му се придружи и Гуру Харе со кого раскажаа за нивната нетипична посета кај претседателот Ѓорѓе Иванов, пееја многу песни, а сред емисија на Игор му се јави и доктор Жан Митрев.

За сите кои немаа можност да ја погледнат саботната “Еден на Еден” епизода, истата веќе е објавена на Јутјуб.

#Коментари

Коментари

коментари