недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Прекрасни терени, сонце и чај со рум: Попова Шапка – совршена викенд дестинација! (фотогалерија)

Попова Шапка е зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај.

Таму се наоѓа и манастирот „Св. Наум Охридски“.

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села.

Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.

Погледнете дел од атмосферата таму во текот на изминатиот викенд!

#Коментари

Коментари

коментари