среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 76

(ВИДЕО) Весело на Свети Никола кај Цеца: Вељко се фати за микрофон – еве ја атмосферата!

Светлана Цеца Ражнатовиќ ја прослави семејната слава Свети Никола во друштво на семејството и пријателите, пренесуваат српските медиуми.

Нејзиниот син Вељко за славата пристигна од Бања Лука каде студира, бидејќи ја презема славата откако стана полнолетен. Тој се однесуваше како вистински домаќин, ги пречека гостите, а потоа, кога малку се опушти, реши и да запее.

Во еден момент во куќата на Ражнатовиќ пристигнаа и трубачи. Вељко им отвори врата и веднаш почна со честење.

Тој на својот Инстаграм постави видео и ја покажа атмосферата која владееше на Дедиње. Вељко како глава на семејството ја изврши домашната задача на ниво и доста и помогна на мајка си.

Еве како беше:

#Коментари