вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 89

(ФОТО) Полна куќа гости: Погледнете кои познати славеа Свети Никола кај Цеца!

Српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ ја обележа куќната слава Свети Никола со традиционални српски обичаи.

Цеца оваа година направи исклучок, па целиот ден го помина во мирна семејна атмосфера, а гостите почнаа да пристигнуваат дури во вечерните часови, пишува српски Курир.

-Секогаш сум среќна на овој ден. Срцето ми е полно кога семејството ми е тука, а и нашите пријатели кои секогаш се добредојдени, вели Цеца.

Меѓу гостите прв пристигна Драган Маринковиќ Палма со сопругата и Ивица Тончев, Саша Видиќ, Милош Надеџин и други.

 

Вељко се потруди да го пречека секој гостин и на никој да не му недостига ништо. Тој ја презема улогата на татковата слава и за медиумите изјави:

-Сите сме максимално ангажирани, особено мама,вели Вељко, а потоа ја спомена и сестра си Анастасија:
-Анастасија треба да биде наша принцеза, убавица, да ја галиме и пазиме“, изјави Вељко за спрскиот медиум.

 

#Коментари

Коментари

коментари