петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 57

Цела естрада на слава кај Аца Лукас!

Фолк пејачот Аца Лукас и неговата сопруга Соња Вуксановиќ го прославија Св. Никола, а на славата му дојдоа голем број на пријатели, но и колегите од Гранд.

Меѓу првите пристигнаа Радиша Трајковиќ Џани со својата сопруга Слаџа, а по неколку минути почнаа да пристигнуваат и другите гости.

Директорот на Гранд, Саша Поповиќ пристигна со сопругата Сузана Јовановиќ. Модниот креатор Саша Видиќ  остана кратко бидејќи мораше на слава и кај Цеца. Потоа пристигнаа Лепа Брена и Боба кои пред два дена се вратија од меден месец.

Во попладневните часови  Аца со ќерка му Викторија биле во црква каде кршеле лебче.

#Коментари