среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Седум дена, Седум ноќи“: Диме и „Тајфата“ снимаат нова песна

И покрај набиената агенда од многубројните настапи низ земјава, еден од нашите најдобри вокали, Димитар Андоновски и неговата „Тајфа“ деновиве најдоа време за да влезат во студио и да ја снимаат нивната нова песна.

Овој пат Диме и момците од „Тајфата“ довербата за новото музичко парче ја дадоа на едни од најдобрите, поточно братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски. Всушност ова е прва песна откако Димитар стана член на „Тајфата“.

Песната е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, а се работи за нов стил кој веќе „Тјфата“ го најави. Поп музика имесшно со етно елементи, нешто што се надеваме дека во иднина ќе привлече големо внимание кај публиката. Песната се вика „Седум дена, седум ноќи“. Музиката и аранжманот се на Лазар, додека пак текстот е дело на Магдалена. Наскоро планираме да снимимие и видеоспот за истата – велат момците од „Тајфата“.

Димитар и „Тајфата“ не застануваат тука, тие веќе се во подготовка и на нивниот албум кој ќе биде промовиран следната година.

#Коментари