среда, 26 април 2017  |  Вести денес: 99

Јас сум ѕвер во сексот: Пејачот на Гранд откри каков е во креветот!

Младиот пејач важи за еден од најшармантните на српската естрада, а вели дека постојано добива непристојни понуди од девојките. Станува збор за младиот Јоцо Стефановиќ кој иако е во врска со Хана Олајиќ, сепак тврди дека нема ништо лошо во сексот за една вечер.

-Сексот за една вечер е добра работа и мене ми е како спорт. Секој маж ако каже дека е против тоа – лаже. Искрено, немам ништо против тоа и додека немав партнерка често практикував таков секс, признава Јоцо и додава дека е вистински ѕвер во креветот.

-Јас сум брутален љубовник, ако некој може да биде најдобар љубовник, тогаш тоа сум јас. За тоа можат да посведочат многу девојки кои биле со мене, но и моето субјективно мислење е такво, „скромно“ раскажува пејачот.

Инаку, Јоцо до неодамна беше во врска со Злата Аранѓеловиќ, ќерката на Зорица Брунцлик, а претходно имаше романса со Хелена Топаловиќ, ќерката на Милан Топаловиќ Топалко. Неговата нова девојка не е позната.

#Коментари
[fbcomments]