понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 24

Како да бидеш фантазија на секој маж

Всушност, многу е лесно – само следи ги следните совети…

Биди природна

Секако, сите жени изгледаат добро кога ќе се средат, но време е малку да ја намалиш количината на кармин, пудра и маскара, бидејќи се чини дека мажите преферираат природен изглед. Всушност, тие не сакаат лажни додатоци. Изгледај секси онака како што само ти можеш: мирисај убаво, косата нека ти биде чиста, нашминкај се невпечатливо.

Изненади го со разбирање

Стави му до знаење дека ќе разбереш ако една вечер не може да дојде кај тебе или не можете да се видите. Немој да му ѕвониш секогаш кога ќе задоцни, кажи му дека разбираш кога е уморен поради работата… Тој ќе ти возврати со иста мера.


Дружи се со момчињата

Покажи разбирање за неговите пријатели. Дозволи си себе си да се опуштиш со нивните приказни и активности, но задолжително однесувај се како вистинска дама за да бидеш сигурна дека така ќе те третираат.

Флертувај

Во ред е да флертуваш со неговите пријатели, но не претерувај! Не е поентата некого да направиш љубоморен или да создадеш проблеми меѓу пријателите. Сите треба да знаат дека ти си „резервирана“ само за еден маж.

Имај свое мислење

Доколку имаш став во врска со некоја тема, немој да се плашиш да го изнесеш. Од друга страна, не е во ред да бидеш „сезнајко“. Исто така, биди подготвена да ги сослушаш другите, пред се` својот маж и на крајот, ако е така, да се сложите дека не се согласувате баш околу се`.

Опушти се

Ако тој те изведе на вечера, нема причина да не ја прекршиш диетата – повеќето мажи ја ценат жената која ужива во храната. Истото се однесува и на алкохолот – може да биде забавно кога малку ќе ве „фати“, но само малку. Пијаните девојки не се секси. На крајот од краиштата, сакаш наредниот ден да се сеќаваш дека добро си поминала.


Зборувај за сексот

Зборувањето за сексот може да биде добро речиси колку и самиот чин. Немој да се срамиш да покажеш дека го сакаш сексот, дека знаеш што сакаш. Не заборавај да му кажеш дека си мислела на него додека си се туширала, или испрати му „безобразна“ СМС порака кога најмалку очекува.

Понекогаш превземи контрола

Смодовербата може да биде вистински афродизијак, па кога жената ќе го превземе „кормилото“ во кревет, тоа може да биде исполнување на сонот од мажот.

Извор: Точка
#Коментари