вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 0

„Етносфера“ и Џамбо Агушев го развеселија Широк сокак со „Етно виа Баиро“ (ВИДЕО)

 

Новата музичка формација на Николче Мицевски наречено Етносфера, чија прва станица беше темата „Копнеж“, го претстави својот нов музички бисер и видео запис за него насловен „Етно виа Баиро“ на кој специјален гостин е македонскиот принц на трубата, Џамбо Агушев. Комплетен автор е лидерот на групите „Етносфера“ и „Фонтана“, Николче Мицевскиа во продукцијата му помогна Дејан Момироски, во чие студио е снимена самата песна.

Екранизацијата на „Етно виа Баиро“, насловена по битолската населба Баир, ја изработи екипата на продукцијата „Веста“, а локацијата е најпознатата улица во Македонија, Широк сокак.

Во главните улоги во оваа музичка приказна се: Никола Мицевски на електрично пијано, Благојче Трајковски на кларинет, Џамбо Агушев на труба, Владимир Крстев на виолина, Тони Цветановски на гитара, Павле Јаневски на бас, Зоран Ристевски Озо на тапани и Зоран Конга Јагоридовски на конги, а во нивната музичка дружба на Широк сокак  можете да уживате во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]