понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 24

Кој е Дедо Мраз?

Дедо Мраз претставува личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и фолклорен карактер, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци. Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на бадниковата ноќ, на 24 декември.

Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

Дедо Мраз се опишува како дебелкаст, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станува популарна во 19-иот век, во Канада и САД, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио и ТВ, во песните, детските книги и филмовите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во САД во 19-иот и 20-иот век, влијаело на модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.

Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20-иот век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи.

Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на бадниковата ноќ. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.

Слики од Дедо Мраз се појавуваа и во 1930 година, во рекламата за Кока-Кола  во божиќниот период. Се појавија урбани легенди, според кои, ликот на Дедо Мраз е измислен од страна на компанијата Кока Кола и носи црвено-бела облека, затоа што тоа се препознатливите бои на етикетата на компанијата. Кока Кола не беше првата компанија за безалкохолни пијалоци која ја искористи современата слика за Дедо Мраз во своите реклами.

Компанијата White Rock Beverages веќе го искористи црвено-белиот лик на Дедо Мраз за рекламата за минерална вода, а подоцна, во 1923 година и за пенливиот безалкохолен пијалок со вкус на ѓумбир. Всушност, најпрво, Дедо Мраз се појави на насловната страница на списанието Puck, на почетокот од векот.

Ликот на Дедо Мраз бил поврзуван со добротворни цели и со човекољубието, особено преку организации како Армијата на спасот. Волонтери облечени како Дедо Мраз стануваа дел од кампањите за собирање на средства за семејствата со потреби во божиќниот период.

На некои слики од почетокот на 20-иот век, Дедо Мраз бил нацртан како сам, во мала работилница, рачно ги прави играчките. На крајот, се појави конечната идеја – играчките рачно ги изработуваа неговите помошници, џуџињата.

 

#Коментари
[fbcomments]