среда, 26 април 2017  |  Вести денес: 99

Тажна вест: Почина славната актерка која сите ја обожаваме!

2016 година веќе дојде до крајот, а освен смртта на популарниот британски пејач Џорџ Мајкл ќе ја паметиме и по уште една тажна вест.

Актерката Кери Фишер, која стана позната по улогата на принцезата Леја во филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, почина вчера на 61-годишна возраст, соопшти портпаролот на нејзиното семејство, Сајмон Холс.

– Со голема тага објавуваме дека саканата мајка, Кери Фишер почина утрово во 8:55 часот. Светот ја сакаше, и на сите многу ќе ни недостига. Нашето семејство ви заблагодарува за молитвата и поддршката која ни ја давате, изјави Холс.

Кери Фишер почина четири дена откако пристигна од Лондон во нејзиниот дом во Лос Анџелес, каде сакаше да ги поминне празниците со нејзините најблиски.

Освен актерка, Кери беше и писател, продуцент и хуморист. Беше во брак двапати и стана мајка на еден син.

 

#Коментари