понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 41

За празниците ќе има 13 тима на терен на итната медицинска помош

Итната медицинска помош во текот на новогодишната ноќ и за божиќните празници ќе работи со 13 тима на терен, службите за домашна посета ќе бидат во редовно работно време, дежурните пунктови ќе работат 24 часа за празничните денови.

baeva

Вкупно 13 тима ќе бидат присутни на терен за време на новогодишните и божикни празници, службите за домашна посета ќе работат редовно, а за време на празниците ќе има и дежурни пунктови кои ќе работат 24 часа, вели д-р Татјана Баевска – Вучковиќ, директорка на Здравствениот дом „Скопје“ во разговор за „Република“.

– Службите на Здравствениот дом Скопје, како и секоја година така и оваа се подготовени да одговорат на барањата и потребите на граѓаните на град Скопје.  Итната медицинска помош во текот на новогодишната ноќ и за божикните празници ќе работи со 13 тима на терен, службите за домашна посета ќе бидат во редовно работно време, дежурните пунктови ќе работат 24 часа за празничните денови – изјави Баевска – Вучковиќ.

Таа апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките кои тие ги издаваат.

– Граѓаните, од најмладо до најстаро да ги почитуваат препоракаите кои ги даваме за да си помогнеме едни на други, да одговориме на оние на кои најмногу сме им потребни, додава Баевска – Вучковиќ.

Извор: Курир

#Коментари

Коментари

коментари