понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 41

Мори моме Стојне: Пејачката со нов имиџ, нова песна и спот (ВИДЕО)

Младата македонска фолк пејачка Стојне Николова продолжува  успешно да ја турка својата музичка кариера. Динамитната струмичанка по  двата спота за песните „Љуби ме“ и „Опиум“, деновиве одново промовираше нова песна и видео за неа. Овој пат се работи за фолк тема со патриотска содржина, насловена како „Ајде Македонијо“.

Музиката и текстот се на саксофонистот Јане Рафаиловски, кој се појавува со Стојне во видеоспотот, а аранжманот е на нејзиниот постојан музички придружник, клавијатуристот Бобан Мојсовски, а песната е снимена и продуцирана во студиото „Анастасија“.

Видеото го изработи  „Арт студио“, а снимано е на неколку преубави локации ниоз Македонија, како крстот на Водно, Мавровското езеро, локалитетот Кокино…

Во меѓувреме „џебната фолк венера“ сосема го промени имиџот, па последните фотографии покажуваат дека нејзиниот стил на облекување сега е многу помодерен, покежуал, помладешки…

#Коментари

Коментари

коментари