понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 72

Нашата евровизиска претставничка ПУКА ОД СЕКСАПИЛ: Кој очекуваше ваков жежок кожен фустан? (фото)

Овој кожен фустан може да го носат само девојки со беспрекорна линија, а токму таква има нашата годинешна претставничка на Евровизија. Убавата бринета не изненади со дозата сексапил што ја сервираше на социјалните мрежи во фустан од дизајнерот Мите Занов.

Младата пејачка Јана Бурческа која пред неколку години на јавноста и стана позната преку музичкото шоу „Македонски Идол“ каде се издвои со својот талент и харизма, е ќе биде наш претставник во 2017 година во Киев.

За подготовките околу Евровизија во едно неодамнешно интервју за Вистина.мк, Јана изјави:

Моментално сме во процес на прибирање композиции од автори ширум светот, а до сега на мејлот на менаџментот на МРТ се пристигнати околу 100 композиции. Авторскиот тим не е познат. Идеално би било да се направи спој на она што јас милувам да слушам и изведувам, а тоа е диско, фанк и соул, со евровизиски шмек. Исто така сметам дека песна на англиски јазик ќе допре до многу поширока публика.

Каков стајлинг ќе има Јана за Евровизија останува да видиме!

#Коментари

Коментари

коментари