понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 72

Писмо до Дедо Мраз: Најдоброто и најлошото што им се случило на македонските ѕвезди во 2016!

Дедо Мраз дојде и кај нас, во нашата редакција. Онака, на минување. Го поканивме да седне, да се стопли со едно чајче, пред да ја продолжи својата (н)овогодишна турнеја. И се согласи. На заминување, на стариот бел дедо од големата торба полна со очекувања, надежи, желби и подароци… му испадна еден коверт. Се обидовме да му го вратиме, ама… тој веќе беше му ја кинисал со својата санка со впрегнати ирваси. За да стигне насекаде. Го отворивме ковертот адресиран до него, а во него писмо. Од ѕвездите од македонската естрада. Исповед на секој(а) од нив. Едни едвај чекаат 2016 што побргу да замине, други го молат во 2017-та да им се повтори 2016-тата. Како година на нивниот живот. За кого најдобра, за кого најлоша, за кого – како! Еве дел од нивните, желби, надежи, очекувања…

Драг Дедо Мраз…

 

Елена Стефановска

2016 година ќе ја паметам по убавите патувања врзани со мојата емисија “Живот со стил”, но и многу приватни дестинации кои си ги посакував и реализирав. Ќе ја паметам по многу добри гости и успешни емисии. На приватен план имав навистина среќна година. Верувам во божиќната паричка која после многу години оваа година ми се падна, и ми донесе многу љубов и благосостојба, а богами и парички.
Ако повеќето едвај чекаат да си замине, јас скромно посакувам барем половина да ми се повтори. За жал изгубивме врвни светски музичари, Дејвид Боуви, Принц, Џорџ Мајкл, нашата кралица Есма Редџепова… Тоа се оние лоши работи кои на глобално ниво се случија оваа година, а допреа и кај мене, затоа што растев со нивната музика.
Секогасш велам: “Господе прво дај ни здравје!”
Ете, тоа е мојата новогодишна желба, здравје!
Се’ друго во мојот живот се одлуки, затоа што се’ од нас зависи. Секоја година на 1 Јануари јас си донесувам одлуки како сакам да влезам и како сакам да ја живеам таа година.
Драги пријатели, драга Вистина,
Ви посакувам Среќна Нова 2017, нека биде попозитивна, пооптимистична кај сите, и НЕ ГЛЕДАЈТЕ НАЗАД, НЕ ОДИМЕ ВО ТОЈ ПРАВЕЦ!

 

Сања Апостоловска -Сани

За мене 2016 беше една од најубавите години. Ќе ја паметам по мојата свршувачка со Мартин, постигнав многу успеси, така да нема да ја паметам по лошо. Би сакала сите години да се вакви! Во 2017 ќе посакам само здравје, а другото само ќе си дојде!

 

 

 

 

 

Андреј ДНК

Искрено ова за мене лично и за ДНК беше убава година… Многу настапи и концерти низ земјава и во странство, издавањето на нашиот албум „Уште еден ден“, неколку спотови и награди како „Златна Бубамара“ за „Што сака нека биде“ и најдобар Р‘Б хит за „Само таа знае како“ на фестивалот МАРС. Ќе ја паметам и по тоа што во неа мојот бебуш Јана наполни една годинка и почна да оди. Искрено ако секоја година е ваква, не би сакал да си оди… И за крај што друго да посакам освен на секого здравје и љубов, двете најважни нешта за среќа!

 

 

Ирина Тошева

2016 ја сметам за исклучително успешна година на професионален план. Славев јубилеј на Модниот викенд Скопје, имав ревии надвор од земјата, објави во многу светски медиуми, говорев на 3Д print expo во Москва, бев ментор на две групи курсисти во Кариера Плус … Имав прекрасни клиентки и клиенти, како и интересни проекти. Во новата година посакувам да се храниме духовно со креативност и уметност, што помалку со неукост, простотилак и политика.

 

Александра Пановска Илиевска

2016 е годината во која љубовта ја ставивме и на прарче хартија и од пар станавме брачна заедница … Незааборавна свадбена прослава.. Лето од соништата со посета на места кои одамана сакав и посакував да ги видам. Половина од втората сезона на „Брза Кујна“ ја оставаме зад нас со убави и успешни емисии … Времето брзо поминува па така и оваа 2016та, убава година која за мене ќе биде посебна и на приватно и на работно поле. За 2017та пред се посакувам многу здравје, а за се останато со работа и труд ќе се оставри само силно да се посака и вредно да се работи … Желби имам многу, барем половина ако реализирам ќе биде супер.

 

 

Димитар Атанасовски

2016-та ќе ја паметам по многу нешта… ќе ја паметам по убавините на приватен план, сите прекрасни моменти, запросувањето, одмори, планини и реки. :)Ќе ја паметам по сите успешни проекти на „Идеа Лаб“, по тимот кој ја издржа машки цела година (иако се најголем дел жени), по одлуката да не вклучат во „Супербренд“ семејството, по квизот „Арена“ на Алфа телевизија, кој ми беше одлично искуство и супер можност да се пронајдам во целосно нова приказна… А во 2017-та посакувам повеќе спокој на сите наши сограѓани (бидејќи претходнава ни беше доста турбулентна), посакувам среќа и здравје на сите блиски и подалечни, посакувам многу понасмеани и весели лица да гледам и да ми биде во најмала рака успешна како претходната.

 

Браво Бенд

Годината која остана зад нас од професионален аспект ќе ја паметиме пред се по убави нешта. Најважно е тоа што во групата функционираме како семејство, се почитуваме и си веруваме еден на друг, а тоа е најважно за успех, а пак она што не се согласуваше со нашите принципи го елиминиравме. Искуството и напорната работа ни донесоа многу настапи и веќе полна агенда за 2017-тата. 2016 ја заокружуваме со настапи, бурно и забавно! Ќе ја паметиме по тоа што издадовме песна која е наша- авторска на гитарист Драган, настапивме како предгрупа на концертот на Цеца во Струмица и најважно го поминавме речиси секој град од земјава каде повеќе од една деценија публиката е секогаш  во голем број, за што сме особено среќни и задоволни. На приватен план имавме доста свадби и принови. Се ожени Драган, а Дени и басистот Ќире се реализираа и како татковци. Во Новата 2017 најважно е здравјето, а се останато само доаѓа!

 

Милена Антовска

Лично за мене 2016- та не беше најлошата година до сега, но генерално гледано едвај чекам да замине. Имаше доста не убави моменти…поплавата, земјотресите, многу луѓе останаа без покрив над глава, изгубивме дури и човечки животи… Најубавото нешто што ми се случи годинава е раѓањето на мојот внук Борјан. Желби имам повеќе, ако ги кажам нема да ми се исполнат хахаха, но бидејќи преку работата се сретнав со многу луѓе кои имат само една желба а тоа е да оздрават, посакувам многу повеќе здравје за мене, моите блиски и за сите луѓе во светот.

 

 

 

Зои Блаж

За мене 2016 беше доста успешна … појавување на Охрид фест и двете награди што таму ги земав  – трето место од публиката и  трето место од жирито. Соработките со Промоиталиа, Фигурела, Даниел Николовски, Позитив …а,  исто така и си ја најдов љубовта на мојот живот и сум пресреќна … Па, искрено оваа година немав лоши работи, но секако сакам да дојде Нова година која ќе биде се надевам, уште поуспешна од претходната.

Новогодишна желба?  Хммм… па, секогаш сум била скромна така што и сега посакувам да бидеме сите здрави живи, да нема веќе омраза мегу луѓето,  да се шири љубов на сите страни и да бидат секогаш насмеани, среќни и успешни на секое поле.

 

Здравкица  Милиќ

Почетокот на 2016 беше прекрасен, затоа што станав тетка на мојата Инес. При крај на годината го добивме и Богдан, тоа се двете најубави работи што ми се случија и нормално секојдневното уживање со мојата Маша. Што се однесува до лошите работи кои ги донесе оваа година, тоа се дефинитивно поплавите во Скопје и смртен случај во нашето семејство.На професионален план,оваа година почнав да работам во ТВ Јасеница и тоа е моето враќање на ТВ екраните.

Мојата желба е пред се,здравје на моето семејство и на сите луѓе, а се’ останато и не е толку важно.Кога имаме здравје имаме се. Среќна Нова и поубава 2017 година на сите читатели на Вистина.мк.

 

Ања Ветерова

2016 година ќе ја паметам по деновите поминати во летниот камп на Беркли во нивниот кампус во Валенсија. Таму запознав и учев од врвни професори за музика продукција и вокал. А сакам побрзо да си оди оваа година затоа што ни зема многу музички ѕвезди кои можеа да дадат уште многу во музиката.

Во 2017 ќе си посакам здравје љубов среќа и повеќе музика односно плановите за мојата музичка кариера да ми се остварат да подарам многу нови хитови.

На читателите на Вистина.мк им посакувам здравје, среќа, љубов, пари и сите желби да им станат реалност… и секако – да читаат Вистина.мк и да сонуваат.

 

Жарко Димовски

2016-та ми  беше доста успешна година како на профи план така и приватно. Најмногу ќе ја паметам по премиерата на “Вардарски пастуви”, по моите две кумства и по тоа што почнав да се занимавам со гимнастика! Сакам да си замине 2016та за да продолжиме уште појако во новата.

Лоши работи по кои ќе ја памтам е смртта на Леонард Коен и останатиот дел од “легендите” и по мојата повреда на ногата.Новогодишната желба ми е во 2017та децата од Сирија да заборават што се случило минатата година и да најдат топол дом и ако може за мене едно Порше 911… ќе ве молам.

 

 

 

Елена Миленковска

2016 ке ја паметам по многу шетање, многу авантури, мојот прв настап на фестивалот МАРС, по свадбата на мојата најдобра другарка и уште многу убави работи. Сакам побргу да замине поради ситуацијата во која се наоѓа државава како на музички план така и на секое друго поле, луѓето се премногу преоптоварени со сите работи кои се случуваат, па заворавија на македонската музика. Се надевам дека 2017 ќе биде многу подобра и поквалитетна година за сите!

Најдоброто што ми се случи во изминатава 2016 се песните кои ги снимив и настапот на МАРС. Имаше доста лоши работи кои веќе ги напоменав, но како најлошо не би издвоила ништо. Имам многу желби за 2017… Некои од нив се:  Да дипломирам на факултетот за музичка уметност, да ги издададам сите они песни кои веќе се подготвуваат и да слушаме многу повеќе македонска музика!

 

Сања Лефкова Христова

2016 ќе ја паметам по секое утро поминато во среќа и радост со моето синче Никола , по неговите први чекори, прво одење во градинка и по неговиот втор роденден, по големиот пресврт во мојот живот започнувајќи нов живот во странство со мојот сопруг Мики и мојот син Никола. Ќе ја паметам по многубројните песни што ги снимив во студиото на Масевски и спотовите за песните Срекја, Врати се, како  и снимањето на една од моите омилени песни во студиото на Масевски – Почеток и крај која ќе излезе во 2017, потоа по многубројните настапи низ Македонија.

Сакам исто и што побргу да замине зошто загубив многу драги личности, кои се сега меѓу ангелите. Една од нив е Маја која освен новинар беше голем пријател и човек од доверба. Сакам да замине и затоа што многу драги личности кои ги сакав си го покажаа вистинското лице. Сакам да замине заради немирите сто се случуваат насекаде во светот.

Во новата 2017 посакувам здравје, мир , многу љубов, а ветувам нов спот и песна и многу настапи и концерти во Македонија и во странство. Првиот концерт ќе биде во Лондон на 7 јануари. Вам Ви ја честитам новата 2017 и Ви посакувам уште поголема читаност.

 

Андријана Јаневска

Во 2016 ми се случија убави нешта и на приватен и на професионален план: првиот роденден на помалиот син, неговата крштевка и проодување, новата песна „Без милост” и промоцијата на нејзиниот спот.

Имав и неубави моменти кои не сакам да ги споменувам и сакам побргу да ги заборавам. Во 2017 ме очекуваат многу предизвици, за почеток мојот концерт за Василица со оркестарот на МОБ, како и концертот во Пекинг на покана на Министерството за култура на Кина.

Во 2017 ќе излезе и мојот најнов албум, 9-ти по ред, а трет соло. Се на се, очекувам убава и плодна година, а на сите Ваши читатели им посакувам радост, успех и бериќет!

 

Стојне Николова

2016 година дефинитивно ќе ја памтам по многуте настапи…

Реализирав доста проекти, фотосесии, песни… За новата година себе си  и на најблиските, но и на  сите луѓе им посакувам многу здравје и среќа …а околу музиката конечно да имаме малку повеке простор за нача промоција и промоција на нашите проекти.

#Коментари

Коментари

коментари