сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Кој е всушност Дедо Мраз?

Како настанал ликот на старецот со бела брада и црвен плашт кој пред Нова година еднакво ги радува децата во сите краишта на светот?

dedo-mraz

Многу легенди за Дедо Мраз се темелат на древната христијанска традиција според која Свети Никола пред Божик на децата им дели подароци. Современото секуларно сфаќање на Дедо Мраз се развило во втората половина на 19 век.

Ликот на старец со бела брада и црвен плашт го замислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902).

Наст се прославил со своите карикатури, а Американците толку ги сакале неговите илустрации што се сметало дека неговите цртежи можат да го поттикнат воениот морал и патриотизмот.

Ликот на божикниот волшебник со бела брада Наст првпат го објавил на 3 јануари во 1863 година среде американската граѓанска војна.

Подоцна, Наст направил повеќе илустрации за Дедо Мраз и тие почнале да стануваат дел од општата култура.

Но, Дедо Мраз кој денес го знаеме потекнал од реклами. Врз основа на илустрациите на Наст, компанијата Кока-Кола во 1931 година лансирала глобална маркетиншка компанија каде го промовирала ликот на Дедо Мраз во човечка големина кој и денес е препознатлив.

Иако само како заштитен знак на една од првите големи маркетиншки компании, Дедо Мраз од јунак на Кока Кола постери, станал глобален феномен.

Меѓутоа, во некои средини, пред се во тие земји каде доминира религиското влијание на исламот, Дедо Мраз се смета за непожелен бидејќи претставува симбол на христијанската културна доминација.

За разлика од ликот, името Дедо Мраз не е глобално, тоа се разликува во различни земји и култури. Некаде го нарекуваат Санта Клаус, Санта Николас, Божик Бата и слично.

Неговото име често е поврзано со Божикот, но уште почесто со Свети Никола, што е инаку религиозен празник кој претходи на новогодишната веселба.

Името Дедо Мраз, кое се користи кај нас, инаку е југословенски производ. Замислено е така да не фаворизира ниедна религиозна варијанта во поранешната заедничка држава на народите на Западен Балкан.

Извор: Курир

#Коментари