петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 81

НАЈНОВА ПРОГНОЗА: Снег во четврток, викендот до -20 степени

Утре кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките места од до=д и снег, а на планините снег особено во западните и северозападните делови, информираат од УХМР.

studeno-vreme

Од Управата додаваат дека од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење што ќе предизвика значителна промена на времето.

-Ќе биде многу студено и насекаде ќе се формира снежна покривка која ја планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата. Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени, информираат од УХМР.

Извор: Курир

#Коментари