четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 0

Носеше подарок само за една личност: Облечен како Дедо Мраз ја запроси девојката на Нова Година!

 

Додека сите го прославуваа доаѓањето на новата 2017 година, едно момче од Тузла кое заедно со својата девојка отишле да слават во кафеана, бил спремен со прстен во себе да ја запроси, но не бил сигурен на кој начин да го стори тоа. Заљубениот Рефик Хаџиќ побарал помош од фотографот Дарио кој работел во локалот, а во тој момент единствено нешто што му текнало било да му предложи да ја запроси облечен како Дедо Мраз, па така и направил.

– Момчето ми пријде и ми рече дека сака вечерва да ја запроси, но нема идеја како тоа да го направи. Откако му ја предложив идејата, започна трка во таа луда вечер да се најде костим. Околку еден час по полноќ музиката запре и до најави Дедо Мраз, а сите громогласно го поздравија незнаејќи дека носи подаок само за една девојка, раскажал тој.

 

Приказната имала среќен крај, а на избраничката на Рефик пред да каже ДА и требле неколку моменти да сфати кој се крие зад белата брада и црвениот костум.

Извор:Република.мк

#Коментари