сабота, 25 февруари 2017  |  Вести денес: 0

(АУДИО) Мерак за душа: Сани ви ја честита Новата 2017 со „Кафана“!

За неа секој ден  е Нова Година. Затоа фолк пејачката Сани Апостоловска новата песна ја  наслови „Кафана“, а со истата настапи на снимањето на новогодишната музичка  програма за австралиската ИН ТВ.

Со неа атрактивната фолкерка  им ги честита новогодишните и божиќните празници на нејзините фанови, а насловот и темата на песната  никако не е случаен. Кафеаната на Сани и е втор дом, зашто е ангажирана 6 од 7 дена во неделата токму таму. И за празник и за делник!

„На сите мои пријатели, познаници, Фејсбук пријатели и фанови Ви ја честитам новата година со желба за многу љубов, мир и бериќет на сите полиња! Новата година да ви донесе се за што сте мечтаеле, а сте немале и да ви дуплира се што ве правело среќни и горди! Да имате повеќе убави моменти за кои ќе зборувате и ќе сакате да ги споделите. Ве сакам и ве поздравувам од сеце!“, порача атрактивната пејачка.

Еве како звучи „Кафана“:

#Коментари

Коментари

коментари