среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Од попладне дожд и снег, од петок поларни температури и под -20 степени!

– Врнежи од дожд на пониските места и снег на планините, најавува од попладне УХМР. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.

 

sneg

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови.

На секаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Најобилни врнежи ќе има во четврток попладне во северните и во петок претпладне во источните делови од земјава.

До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат.

За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Утринската температура на места ќе се спушти и под минус 20 степени, а максималната ќе се задржи негативна во интервал од минус 12 до минус 4 степени.

извор:курир

#Коментари