недела, 26 февруари 2017  |  Вести денес: 48

Управувачкиот комитет за кризи со повеќе мерки во врска со најавата за снег и многу ниски температури

Повеќе подготвителни превентивни мерки донесе вечерва Управувачкиот комитет за кризи, кој одржа седница во просториите на Центарот за управување со кризи, во врска со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и многу ниски временски температури на територијата на Република Македонија во наредните денови.

УХМР предупреди дека во текот на следните денови ќе дојде до појава на комбинација на два фактори: многу ниски температури и појава на врнежи на снег. Како што беше соопштено од стручните лица, комбинацијата на овие фактори на територијата на цела Македонија може да создаде определени ризици во поглед на снабдувањето со електрична енергија, и водоснабдување, отежнат сообраќај, можни ризици по здравјето на населението, соопшти Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

-Беа разгледани сите овие околности и беа донесени заклучоци и препораки кои што во текот на вечерта ќе бидат испратени до сите надлежни институции чија цел и основна задача е подобра подготовка во функција на справувањето со определени ризици кои што можат да се појават. Во поглед на ризикот кој што може да настане во врска со снабдувањето со електрична енергија управувачкиот комитет донесе заклучок со кој што ЕВН треба да формира тимови кои што ќе бидат со зголемена мобилност и готовност и кои што ќе треба да реагираат во случај на нарушување на системот за снабдување електрична енергија, рече Ѓорѓиев.

Подвлече дека посебно се осврна внимание на ризикот кој што може да се појави во врска со сообраќајот.

cuk1

-Беа донесени неколку препораки во функција на обезбедување на движење на сообраќај на проодност на патиштата, кои би можеле да ги имаат од ЈП Македонија пат, единиците на локална самоуправа, дирекцијата за заштита и спасување. Екипите на ЈП Македонија пат постојано да бидат во оператива и готовност за реакција на критични точки кои што постојат на патиштата а се детектирани од страна на претпријатието и МВР. Беше донесен и заклучок да во ситуација доколку се појави потреба од забрана за движење на определи возила, како што се тешки товарни возила треба и граѓаните, и претпријатијата и транспортерите да бидат свесни дека може да дојде до забрана за движење на определени потези на патиштата во текот на деновите од четврток до понеделник. Но за сето тоа ќе се информира на дневна основа, тече Ѓорѓиев.

Аплегираше до сите граѓани кои што немаат особена потреба за патување во текот на викендот да не патуваат, транспортерите кои што можат да ги одложат своите транспортни рути во текот на викендот. Оние кои што не можат да ги одложат потребно е да поседуваат зимска опрема. Станува збор за зимска опрема за сообраќај но и чистење на патиштата, пакети за прва помош и питка вода и храна.

-Службите ќе бидат на терен, но добро е да се има и граѓански активизам во функција на подобро справување со сите овие ризици кои што можат да настанат. Во соработка со централната и локалната власт ЦУК донесе заклучоци со кои што се наложува уште во текот на утрешниот ден сите општини во Македонија да ги формираат своите кризни штабови во кои ќе вклучат претставници на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување и претставници од МВР. Да ги мобилизираат сите свои јавни комунални претпријатија, ресурси и капацитети кои што би можеле да бидат од помош за справување со ризици кои што би можеле да настанат. Доколку проценат дека со искористувањето на ресурсите кои што се во нивна сопственост не може да се задоволат определени потреби и да се надминат предизвиците, своите дополнителни потреби да ги пријават до органите на централата власт, додаде Ѓорѓиев.

cuk2

Заклучокот наменет за Министерството за внатрешни работи, АРМ и припадниците на полицијата, е да бидат во состојба на  зголемена готовност.

Д.р Јованка Костовска истакна дека Министерството за здравство има подготвено и акционен план за превенција од штетни последици од студени бранови по здравјето на населението.

-Согласно овој план не би имале припремна фаза во која населението ќе се предупреди за штетното влијание и последиците по здравјето. Доколку овие температури отидат над -20 степени тоа е веќе фаза на студен бран. Сега ние не сме во портокалова фаза, туку во жолта, припремна фаза.  Во оваа фаза треба да се извести населението дека од петок до недела, можеби и понеделник, ќе без потреба да не излегуваат од дома. Така ќе се заштитат од студените бранови и од грипот бидејќи сме и во фаза на грип. Доколку мораат да излезат треба да бидат соодветно облечени, со капа, шал, ракавици да консумираат топли напитоци и од време на време да престојуваат во топли простории. За постарите и хронично болните лица да не излегуваат бидејќи има можност и од директни последици но и од паѓање и скршеници. Доколку имаат потреба од терапија да се јават по телефон на патронажна служба, црвен крст, итна медицинска помош или да се обратат кај најблизок сосед за да им се обезбеди таа терапија и да не излегуваат од дома, вели Др. Костовска.

Уште во текот на утрешниот ден комисијата за здравство ќе има состанок и ќе бидат известени сите здравствени установи за да обезбедат доволно терапија, како и доволно кадар и доволно сместувачки капацитети.

-Заедно со останатите институции планирано е  да се посетат оние стари и изнемоштени лица и да се направи мапирање и да се види дали имаат потреба од храна, огрев и лекови, додаде таа и подвлече дека ќе бидат згрижени и бездомниците.

Упати апел до граѓани доколку имаат потреба или знаат некој на кој му е потребна било каква медицинска или друг вид на помош можат да се јават веднаш на бројот на ЦУК (195) или на бројот на Црвен крст (3139 578).

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити рече дека веќе неколку денови наназад во нивниот домен на работа е грижата за бездомните лица. Потенцира дека поседуваат Центар за бездомни лица во Момин Поток. – Беше заклучено заедно со Министерството за труд и социјална политика да се зголемат овие капацитети за околу 50 легла. Се договоривме да се направат програми, план за згрижување на бездомните лица и надвор од Скопје односно во другите градови, рече Саити.

Нагласи дека Црвениот крст на Република Македонија ставил во фунцкија неколку свои тимови кои ќе патролираат низ градот Скопје да ги пронаоѓаат бездомните лица и заедно со министерствата да прават посета на осамени лица хронично болни. – На патните правци Скопје-Охрид и Скопје-Крива Паланка нашите тимови ќе бидат дежурни наредните денови. Се формирани прифатни пунктови односно центри во Кичево, Гостивар, Куманово и Крива Паланка евентуално ако дојде до застој во сообраќајот да излеземе во пресрет, додаде Саити.

Извор:Курир.мк

#Коментари

Коментари

коментари