четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Како настанала „Jingle Bells“ – најемитуваната песна на светот

 

Легендарната песна настанале околу 1850 година во Медфорд во Масачусетс, а авторот Џејмс Лорд Пјерпон бил инспириран од локалната трка со санки. Пјерпон песната која што тогаш била насловена како „One Horse Open Sleigh”, официјално ја регистрирал на 16 септември 1857 година. Само две години подоцна, таа го добила името „Џингл бел“. Иако авторот ја компонирал песната за изведба во црквата на неговиот брат во Савана (Џорџија), композицијата стана една од најпознатите до сега.

Први ја снимиле членовите на „Едисон квартетот“во 1898 година, а некои од најпознатите верзии се преработка на Глен Милер, Бинг Крозби и Бени Гудмен. Листата на изведувачи кои ја снимиле новогодишната химна е навистина импозантна.„Битлси“, Ела Фицџералд, Френк Синатра, Лучијано Павароти, Џони Кеш, Елвис Присли…

Со оглед на тоа што песната е постара од 75 години, авторските права одамна истекле и „Џингл Бел“ спаѓа во општо добро, кое може да се копира и преработува.
Посебен куриозитет е што во 1965 година двајца астронаути во текот на мисијата „Џемини 6“, како одговор на контролата од Хјустон ја пуштиле „Џингл Бел“ со што таа стана прва песна која што е емитувана од вселената.

#Коментари