вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 81

Облачно со слаб јужен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

ggggg

Утринската температура ќе се движи од минус пет до нула, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб претежно источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога ќе има врнежи од снег најпрво во северните и западните, па потоа и во останатите делови од земјата. Насекаде ќе се формира снежна покривка која на планините ќе изнесува и до 50 сантиметри. До сабота ќе дува засилен повремено силен северен ветер поради што наместа ќе има и снежни наноси. За време на викендот облачноста ќе се намали, но ќе биде многу студено.

Извор: Курир

#Коментари

Коментари

коментари