недела, 26 февруари 2017  |  Вести денес: 48

За македонцките работи… се работи: „Звезде Гранда“ или „Парампарче“?

Нова Година ли е што ли е? Турбо српска промоција на македонските телевизии. Додека македонската музика е забранета, во медиумите ечи од Лепа Брена до Тозовац, од Цеца до Чана. А македонските пејачи? Епа, заспани убав(и)ци се. Одиш во дискотка со помисла дека ќе ги одмориш ушите од турбо фолк, а тамо ечи: Лепи громе мој, летаат шишиња, бегаш некое да не те погоди, па да завршиш на Ургентен и уште Цеца да ти пее: Јуче сам била, први пут код доктора...“!

Одиш во кафеана место македонско слушаш: „Кафана је моја судбина. Кафеана е, се тешиш во себе. Си викаш ај ќе одам дома, па ќе пуштам македонски канал, ќе слушнам нешто наше. И кога гледаш што да видиш, од две полоши избери го подоброто. „Звезде Гранда“ или „Парампарче“? Нова година ли е? Така велат, 31-ви декември било. Добро ајде, вртиш канали и пуштат српски, кога оп… што ќе видиш: Македонски таленти на српски телевизии… Се трампаат ли овие или..? Го земаш календарот да видиш дали е Нова Година, да не си грешка. Не си, 31-ви е.

Е браво за оние ТВ куќи кои пуштија МАКЕДОНСКА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА. Бајата до душа, од пред 4-5 години, ама барем нешто пуштија. Можат да се избројат на прсти. Како и тужбата на ЗАМП од 300.000 евра за Канал  5, за која шушка, оти не ја почитувал забраната! Вучиќ ионака го дадоа дури следниот ден. Афтрпарти! Во недела. За патерица! За трезнење!  Што да му правиме, тогаш имало место на програмата.

Епа, потоа немој да се чудите што Калиопи снима песни на хрватски или српски јазик, што издала песна за Радио С, што може да ја видите во интервју на ДМ, што Анета Молика издава за Гранд, Елена Велевска потпишала за Пајнер и пее на новогодишната програма на Планета, што Ристе Ристевски, Ален Хасановиќ, Филип Божиновски се натпреваруваа во Ѕвездите на Гранд…!

А каде се МАКЕДОНСКИТЕ пејачи? Ах, да…  Слават Нова Година во странство. Таму некаде, преку океанот! Ги освојуваат Австралија, САД, Канада… Додека нас дома не освојуваат Србите и Бугарите.

Доаѓаат Бадник и Божиќ. Не заборавајте да ги гледате:  „Хајде да се волимо 1,2,3…“ или „Жикина династија 1, 2, 3…“! Гарант повторно ќе ги даваат… на македонските телевизии секако! Оти за македонцките работи… се работи!

Eпa, Среќна Нова Година… и Честит Божиќ народе!

П.С. И за ЗАМП важи!

 

#Коментари

Коментари

коментари