недела, 26 февруари 2017  |  Вести денес: 48

Пијте по чаша пиво дневно против анемија

Ако сакате да ја избегнете анемијата, пијте по кригла пиво на ден, што ќе го компензира дефицитот на железо во вашиот организам, советуваат американски експерти, цитирани од Дејли мејл.

Корисни можат да бидат исто така и зеленчукот со зелени листови, кафеав ориз и некои видови месо.

Околу 30 проценти од светското население страда од анемија. Тоа може да доведе до губење на слухот. Според истражувањето на д-р Кетлин Шифер од Универзитетот во Пенсилванија, постои директна врска помеѓу железо анемија и оглувувањето.

Недостигот од минералот предизвикува оштетување на внатрешното уво или на нервните патишта.

Анемијата е многу честа, особено меѓу жените. Во Англија на пациентите по операцијата им се нуди пиво “Гинис”, бидејќи тоа е многу богато со железо.

Извор: Стандард

#Коментари

Коментари

коментари