сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 9

Елена Миленковска со ,,Jingle bells“ ви ги честита празниците (АУДИО)

Добитничката на наградата „Ѕвезда што се раѓа“ на последниот Македонски радиски фетивал МАРС 2016, младата пејачка Елена Миленковска, сними своја верзија на најпуштаната песна на светот, празничната ,,Jingle bells“.

Придружни вокали ги пеат студентите по соло пеење во класата на Андријана Јаневска на ФМУ (катедра за популарни жанрови), а оваа кавер верзија е снимена исто така и во нејзиното семејно студио, студиото Гиновски.

„Со песната ,,Jingle bells”, во моја изведба во соработка со Андријана Јаневска, на мое огромно задоволство, ви посакувам Среќна Нова Година и Божиќни празници на сите. Оваа година да имате многу среќа, мир, спокој, здравје, смејте се и кога нема причина, љубете и бидете љубени“ – им порачаува во својата честитка Елена на сите нејзини обожаватели, но и на сите останати!

Како звучат „божиќните ѕвончиња“ во изведба на Елена Миленковска и нејзината хорска придружба, можете да слушнете подолу.

#Коментари
[fbcomments]