вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 6

Лила сфати што ги мачи гледачите на „Се или нешто“ и доби илјада лајкови како поддршка! (фото)

Сигурно и вие сте гледале најмалку една емисија од популарниот квиз „Се или нешто“ Главната домаќинка Лила Стојановска секогаш со насмевка ги угостува натпреварувачите и со збор за утеха ги испраќа доколку не успеат со банкарот да направат добра зделка.

Лила е единствената што е во контакт со мистериозниот банкар и секојдневно со него се слуша повеќе пати на телефон за време на снимањата. Сепак дали од другата страна на жицата навистина постои некој маж кој нуди суми за натпреварувачите или пак Лила зборува сама со себе, останува дилема.

Оваа мисла ги мачи голем дел од гледачите, па на сметка на нивната љубопитност некој се пошегува со фотографија на која пациент кај својот психијатар се исповеда:

Ме мачи мислата докторе дали банкарот навистина постои или Лила сама си зборува на телефон.

Лила ја сподели фотографијата и напиша „Многумина ги мачи истото прашање“, а со оглед на огромниот број лајкови за кусо време – очигледно ги мачи!

#Коментари
[fbcomments]