понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 24

Тодоров очекува наскоро да почне реализацијата на новиот клинички центар во Скопје

Министерот за здравство Никола Тодоров очекува евалуацијата на вчера завршениот тендер  за новиот клинички центар во Скопје да трае пократко од предвидените 90 дена и наскоро да започне неговата изградба.

todorov

– Очекувам и се надевам целата евалуација да се одвива согласно протоколите кои се пропишани од банката и да заврши побрзо од предвидениот рок од 90 дена. Има три понуди на три конзорциуми составени од поголем број компании, практично сите тие имаа подигнато тендерската документација и потоа си имаат веројатно и здружено и има доставено заеднички понуди. Од досегашната евалуација која се уште не е завршена и ќе трае петнаесеттина дена може да се заклучи дека најмалку една понуда на најмалку еден конзорциум целосно се совпаѓа со предвидениот буџет на Министерството за здравство и на Владата, рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Поликлиниката Ченто.

Тој нагласи дека очекува евалуацијата да заврши и наскоро да почне реализацијата  на, како што рече, најголемиот и најсложениот проект во историјата на македонското здравство.

– Станува збор најсовремен клинички центар којшто сериозно ќе го подигне нивото на македонското здравство но и ќе постави сериозно повисоки стандарди не само во Македонија, туку и во целиот регион, потенцира Тодоров.

извор:курир

#Коментари