вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 40

(ФОТО) Со нов имиџ во 2017: Игор направи трансформација која драстично го смени!

Изминатата 2016 година и не беше многу убава на здравствено поле за Игор Џамбазов, но силно ги преброди сите потешкотии и се врати во колосек.

Пишуваше, глумеше во театар, а повторно стана член и на музичко шоу. Токму таму, во „Кастинг талент шоу“, каде се избираат најдобрите за мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески, Џамбазов го има едното од судиските столчиња заедно со Сара Мејс и Игор Дурловски.

Деновиве веќе започна да се емитува вториот круг од најдобрите кандидати, а членовите на жирито се појавија во едно префинето и стилско модно издание, особено Џамбазов. Дамата во средина секако е доминантната, но новиот имиџ на Игор и тоа како ја надополни.

Без брада, елегантен, со зачешлана коса во реп, долг црн мантил и бела марама како детаљ.

Водиделот и актер Тино, кажа дека Игор го потсетува на гроф, а пак ние би кажале дека изгледа младо, свежо и навистина модерно. Личен избор или дело на стилист –резултатот е одличен!

#Коментари
[fbcomments]