сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 60

Нашата врска нераскинлива: Марија Шерифовиќ конечно отвори душа за Божиќ!

Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ одлучи за Боќиќ да ја отвори душата и на своите бројни обожаватели да им прати емотивна и длабока порака.

Вака Марија им честиташе Божиќ на своите фанови на Инстаграм:

„Марија Шерифовиќ, која сите ја знаеме, не сум само јас, тоа што го пишува во овие редови, туку некој што повторно се раѓа кога ќе почне концерт и  поклонува пред вас. Тогаш настанува онаа Марија, вашата Марија, која ја знаете и сакате, таа што е поважна и подобра од мене лично. Таа „Марија Шерифовиќ“ постои само за вас и поради вас. Таа е ваша колку и моја. И морам да признаам, во таа кожа се чувствувам подобро од родената. Затоа нашата врска е нераскинлива и толку важна, како со семејство и најблиски, свои роднини. Фала ви за тоа. Сакајте ги родителите, своите деца, сакајте ги оние што неизмерно ве сакаат. Мир Божји – Христос се роди“, напиша Марија Шерифовиќ на Инстаграм.

#Коментари