сабота, 23 септември 2017  |  Вести денес: 34

УЈП: Рокот за пријавување добивка над милион денари до 15 јануари

Најдоцна до 15 јануари истекува рокот за поднесување пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност од страна на даночните обврзници – правни и физички лица, кои во претходната календарска година, заклучно со месец декември 2016 година, од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари.

20130701
 Monday
 1313
 ujp

Во истиот рок, како што велат од УЈП, пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец „ДДВ-01“) можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавата „ДДВ-01“ може да се преземе преку веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk.

Од УЈП потсетуваат дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувања на лица кои вршат оданочива стопанска дејност.

За повеќе информации достапна е најновата брошура за „Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност“ (http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8).

извор:курир

#Коментари