недела, 22 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Билиќ пред отказ

Според англиските медиуми, управата на лондонскиот фудбалски клуб Вест Хем е разочарана од односот на играчите на дуелот со Манчестер Сити,а на мета сега е Славен Билиќ кој има две недели да докаже дека заслужува да остане на клупата на оваа екипа.

Билиќ врза три победи во серија, но тие брзо беа заборавени по трите последователни порази и повторно е мета на критики.

Според весникот „Сан“, Билиќ се наоѓа пред отказ,а добил и ултиматум од управата да се подобрат резултатите во наредните две недели или ќе добие отказ.

извор:рсм

#Коментари

Коментари

коментари