вторник, 28 февруари 2017  |  Вести денес: 54

Лазаров: Со задоволство се враќам во Свети Николе

Во моментов живее во Барселона, но секогаш со задоволство се враќа во Свети Николе.

 

kire

„Чувството кога се враќам во Свети Николе е прекрасно. Одам со задоволство, максимално го користам времето. Гратчето е мало, другарите се истите. Голема одлика на човек е да не ги заборава пријателите со којшто израснал“, изјави Лазаров.

Нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров во интервју за ОКО на ТВ НОВА говореше за своите подеми, падови, почетоците и врвовите од кариерата, љубовта кон семејството и пријателите.

Клучот за успех – вистинска насока во вистински момент и добар тренер

„Нашиот татко беше квалитетен ракометар. Во Бивша Југославија има настапувано за Вардар. Свети Николе своевремено имаше клуб што беше многу добар, немаше тогаш сали, вежбавме на отворено. Почнав со кошарка, меѓутоа брзо се заљубив во ракометот и го засакав. Пресудно за успех е правилната насока во прав момент со добар тренер, особено во младинските категории. Ние сме талентирана земја за спорт и тие таленти се секаде околу нас, но нема кој да ги насочи. Мене татко ми ме насочи да отидам во еден од најдобрите клубови тогаш – во клубот Пелистер“, се сеќава Лазаров.

Тој се надоврза дека освен сево ова, исклучително се важни и карактерот и желбата да се даде максимумот.

Кои се најдрагите успеси на Лазаров?

Освојувањето на лигата на шампионите со Барселона и 5-то место со македонската репрезентација на Европското првенство во Србија се успесите што ги издвои ракометарот како негови најдраги во спортската кариера.

„Во кариерата имам доста успеси и клубски најдраго ми е освојувањето на лигата на шампионите заедно со Барселона, имам три светски титули со Барселона и Атлетико Мадрид, но посебна е радоста кога ќе направиш нешто за својата родна земја. Ако се обидам да издвојам од успесите со македонската репрезентација, тоа е 5-то место на европското првенство во Србија, и најдобар стрелец на светските првенства 2009 во Хрватска и 2012 во Србија на европското првенство“, рече Лазаров.

извор:Курир

#Коментари

Коментари

коментари