сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 54

Уши в уши со слушателите:  „5 минути Вистина“ на Радио Слободна Македонија!

Слушајте „Пет минути  Вистина“ на Радио Слободна Македонија во изборот на најдоброто во неделата што изминала, премиерно  и овој понеделник од 12.00 до 13.00 часот.  Сами против сите, не правиме со никого ниту компромис, ни коалиција… Ако не верувате, слушајте ја нашата радио едиција. Кој со кого – против кого? Работите и денес ќе излезат на чистинаточно напладне, во  „Пет минути Вистина“.  

 И во денешната радиоедиција, од 12 до 13 часот ќа го препознаете гласот на Антонио Димитриевски,  Вашиот „водител над водителите“  кој  на повторно на  „соочување“ со слушателите ќе расправа за најинтересните естрадни случки, настани и мучки,  за  направените естрадни дела и недела во изминатава недeла. Покрај веќе кажаното, еве што ќе слушнете меѓу останатото:

  • Таа со себе среќата ја носи: Сара Мејс не остана дома за Божиќ, па верувале или не, наместо една паричка и паднаa две!
  • Сватовите седнаа на маса опуштено, синот ќе надополни се што татко му има пропуштено… Башка, Тони Михајловски доби згодна снашка!
  • Се сеќавате ли на  водителката на првите македонски „Голи вести“?  Кога ќе ви текне на Волчица, ќе се препотите на студот!
  • Лајк за Лила: Ја сакаат неа – мечтаат по банкарот – водителката сфати едно нешто, што ги мачи гледачите на „Се или нешто“!
  • Што тоа сакаше да рече, а не знаеше да каже Елена Велевска?!
  • Дедо Мраз го вивна на небо: Зошто Ване Маркоски почна да живее во облаци!?

И тоа не е се народе. Затоа, слушајте внимателно: Да не сме ние, тие упорно ќе ве убедуваат да им верувате на нивните лаги и агонија. За да не наседнете на штосот и нивната фалш хармонија, слушајте не… На Радио Слободна Македонија!

#Коментари