сабота, 23 септември 2017  |  Вести денес: 34

Јована Јоксимовиќ: Жељко и јас на слави не пуштаме музика, еве и зошто!

Јована Јоксимовиќ сака празниците да ги минува во кругот на семејството. Водителката призна дека ги обожава празниците бидејќи тогаш не работи и има можност да ужива со сопругот и синот во топлината на домот.

Таа откри дека годинава паричката се паднала кај Коста, исто како и минатата.

Јас да се прашувам секој ден би седеле дома. Сметам дека е важна поддршката што ја имате од партнерот. Односот на двата партнери е основа и столб на се. Жељко и јас имаме прекрасен однос, а тоа денес е реткост да имаш некој покрај себе што ќе ти биде поддршка, а нема да биде љубоморен.

Мојот успех е негов успех. Не се гледа колкава поддршка тој ми дава мене, но тој ми е најверниот гледач и најголемиот критичар, изјави Јована.

Таа додаде дека на славите не пуштаат музика.

Ќе се праша некој како било на славата, а ти не знаеш. Ние одлучивме да ги пуштиме луѓето да се поразговараат меѓу себе и со нас и уживавме во тоа, додаде таа.

#Коментари