понеделник, 27 февруари 2017  |  Вести денес: 1

ИСКРЕНО: Владо Јаневски во Еден на Еден откри дека има неколку деца! (ВИДЕО)

Најгледаното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“ по цели 15 години телевизиска пауза за прв пат го угости Владо Јаневски.

Чаирскиот романтичар откри навистина премногу детали од неговиот приватен живот како никогаш досега. Зборуваше за неговата младост, за многуте девојки, за неколкуте деца, за односот со Роберт Саздов, но за прв пат ја откри и конкретната причина зошто со години одбивал телевизиски интервјуа.

Дефинитивно гостувањето на Владо Јаневски во „Еден на Еден“ ќе остане забележано како една од најдобрите ТВ емисии за 2016-та.

Покрај Владо, во новогодишната епизода од шоуто на Жаре ќе ги слушнете и момците од група „Маестро“, водителот Огнен Јаневски, а се појави и Влатко Лозаноски, кој заедно со Жаре ја пееше новогодишната „Еден на Еден” песна.

За сите оние кои не беа во можност да ја погледнат емисијата на Телма, истата е веќе објавена на Јутјуб. По еднонеделната пауза, шоуто се враќа со нови епизоди во истиот термин, секоја сабота во 19 и 15 часот на Телма.

#Коментари

Коментари

коментари