среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 22

И тоа е можно! Го прошетал речиси целиот свет, а не седнал во авион

За патувањето Тор Педерсен се одлучил со наполнети 34 години, а иако сметал дека веќе е стар, се осмелил на потфатот на наговарање од пријател. Од Данска отпатувал во Германија и тука започнала неговата авантура…

Дали е можно да се пропатува светот без многу пари? Многумина од нас веднаш ќе речат јасно и гласно „НЕ“, но еден Данец мисли поинаку и теоријата за патување низ светот со малку пари ја докажува од ден во ден.


Тор Педерсен пред неколку години одлучил да го пропатува светот, но недостатокот на пари го натерал да размисли како да го постигне тоа што е можно поевтино. По малку неверојатно, но првата одлука која ја донел била да го прошета светот без користење на авонски компании. Ќе си помислите дека тоа е невозможно? Па, се чини дека овој 38 – годишен маж ни го докажа спротивното.


Своето патување го започнал во октомври 2013 година, а денес, после нешто повеќе од три години, може да се пофали дека посетил 122 земји (од вкупно 203). За потребите на патувањето поставил неколку правила: нема користење авиони, во секоја земја ќе помине минимум 24 часа и нема да се врати дома пред да ги посети сите земји. Педерсен тврди дека помалку од 200 луѓе на целиот свет ги посетиле сите држави, а неговата цел е да стане првиот човек кој ќе го прошета целиот свет без користење на авионски услуги.


За ова патување се одлучил кога наполнил 34 години, а иако сметал дека веќе е стар, се осмелил на потфатот на наговарање од пријател. Од Данска отпатувал во Германија и тука започнала неговата авантура…


На своето патување за движење користи повеќе модели на јавен превоз: возови, автобуси, траекти. Со оглед на тоа што воедно работи како амбасадор на добра волја на Данскиот црвен крст, во државите кои ги посетува редовно држи предавања за своите авантури, а се` уредно забележува на својот блог Once upn a saga. Покрај горенаведените средства, Тор користел уште многу други видови на превоз. Такси, мото такси, Убер, минибуси, разни бродови…


Патувајќи, доживеал многу необични работи, па така може да каже дека во Сиера Леоне го поканиле на венчавка еден час по влегувањето во земјата. За Нигеријците тврди дека се едни од најљубезните луѓе во светот, додека во Јужна Африка би можел да јаде „кесо“ секој ден. Но, работата која најмногу ја памети ја доживеал во Кенија, кога го посетила неговата девојка, која веднаш потоа ја запросил.


Тор Педерсен моментално се наоѓа во Етиопија, а патувањето планира да го заврши оваа година на Малдивите, кои ги оставил како последна земја која ќе ја посети.

 

 

 

Извор: Точка

#Коментари