сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 35

CES 2017: Panasonic го претстави најнапредниот HUD во светот

Panasonic го претстави моментно најнапредниот систем кој се користи за проектирање на известувања на транспарентен екран пред возачот.

 panasonic-ces-headsup-display

За разлика од многу други слични системи на пазарот, кои на екранот прикажуваат информации за навигацијата или дојдовните пораки и повици, овој систем го предупредува возачот за потенцијалните опасности и пречки пред возилото, укажувајќи на нив со виртуелни ознаки. Оваа функција е особено корисна во услови на слаба видливост. Софистицираниот систем информациите ги добива од шест камери кои кои го снимаат просторот околу возилото, од кои една е камера за ноќно снимање, додека две секогаш ја следат позицијата на возачот и во секој момент го прилагодуваат приказот на пораките со цел истите да бидат во видното поле.

Крајната цел на овој HUD е возачот да може да ги добие сите важни информации без да го трга погледот од патот.

Извор: додајгас.мк

#Коментари