четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Атлетико веќе најде замена за Гризман, ако тој направи трансфер во Јунајтед

Како што откриваат шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед ќе биде клучен фактор во врска со евентуалното заминување на Алексис Санчез од редовите на Арсенал.

alexis-sanchez

Имено, познато е дека „црвените ѓаволи“ сериозно се заинтересирани за услугите на Французинот, а планот на „јорганџиите“ е со тие пари да го придобијат првиот ас на Арсенал.

Веќе неколку седмици се шпекулира за новиот договор на Санчез со лондонскиот клуб, но засега ништо од него, па многу веројатно е Чилеанецот од ова лето да го видиме во нов дрес.

Пред извесен период, Арсен Венгер изјави дека Санчез сака да остане во клубот уште долг период, но на последните мечеви сè повидливи се незадоволството и лутината на првиот стрелец на „топџиите“ оваа сезона.

#Коментари