понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 64

Нова кавга на естрадата: Шемса ја нападна Карлеуша!

Шемса Суљаковиќ одговори на провокациите на Јелена Карлеуша која во „Ѕвездите на Гранд“ рече дека песните на „Јужни ветар“ се селски.

Карлеуша ја критикуваше кандидатката зошто пеше песна од Шемса. По бујните реакции на колегите од жири, по неколку дена се јави и Шемса нарекувајќи ја „невкусна и незначајна“ изјавата на Јелена.

Карлеуша мораше да се брани од колегите во жирито, кои ја нападнаа од сите страни, па како аргумент за тоа дека песната е селска кажа дека била забранета на националната српска телевизија. Песната може да биде или добра или лоша. Во Германија ја слушав Карлеуша како ја пее мојата песна „Шта ме питаш“, па што да кажам освен тоа дека публиката во Србија ја обожава оваа песна, изјави Шемса за Гламурпрес.

#Коментари

Коментари

коментари