недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Каталонскиот гигант Барселона ќе ја бојкотира гала вечерта на ФИФА

Првакот на Шпанија и екипата со најголем број инвидуални награди во историјата на фудбалот, Барселона со официјално соопштение денеска ја извести јавноста и ФИФА дека нема да присуствува како клуб и номинираните членови како поединци на првата церемонија на ФИФА, наречена „THE BEST“, која ќе се одржи во Цирих попладнево во 18.30 часот.

Пике, Меси, Иниеста и Суарез, кои се номинирани во различни категории и се членови на идеалниот тим, нема да бидат дел од церемонијата. Причината која се наведува во соопштението е подготовката на возвратниот натпревар од осминафиналето на Купот на Кралот со Атлетик Билбао в среда навечер.

Сепак односите на Барса со светската централа не се најдобри по забраната за трансфер која каталонскиот клуб ја доби пред неколку години, заради незаконски потпишувања на договори со малолетни фудбалери.

#Коментари

Коментари

коментари