среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Ова се најниските температури измерени некогаш во Македонија

Претходните неколку, како и наредниве денови ќе бидат и најстудените за оваа година.

Сепак, може да кажеме дека овие наши температури се половине од оние што се очекуваат во поголемите делови на Русија и Канада (од -35 до -55 степени целзиусови).

 

За потсетување , за половина век досега најниската температура од минус 31 Целзиусов степен била регистрирана во Берово на 27 јануари 1954 година. На тој ден во Битола биле измерени минус 29 степени, Лазарополе минус 23 и во Скопје минус 19 и во Гевгелија минус 11 степени.

Карактеристичен бил и 7 јануари 1993 година, кога во Битола температурата паднала 30 степени под нулата, а во Струмица биле забележани минус 27 степени. Анализите покажале дека во стандарден триесетгодишен период најниската температура на воздухот во Скопје изнесувала минус 25 степени и тоа на 13 јануари 1985 година.

Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри.

 

#Коментари