четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 61

Минусни температури и снег

Времето денеска ќе биде студено, со локални врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од минус 18 до минус шест, а дневната од минус 10 до минус три степени. Ќе дува и умерен северен ветер.

vremenska-prognoza-sneg

Во источните делови врнежите од снег ќе бидат со умерен, а во останатите делови со послаб интензитет.

Во Скопје слично време, со температура од минус 13 до минус девет степени.

До четврток ќе се задржи многу студено време со благ порaст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне

Извор: Курир

#Коментари

Коментари

коментари