вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 7

Македонската пејачка бараше тезга за Нова година, а доби брачна понуда! (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Андријана Ади Бојковска договори настап  за време на новогодишната ноќ да ги забавува гостите во еден скопски ресторан во центарот на Скопје.

И како што бива, во моментите кога новогодишната атмосфера доживува кулминација, наместо бакшиш во кеш, атрактивната кумановка, доби поинаков бакшиш – бакшиш за цел живот. Таа вечер, нејзиното момче, Мартин Костадиновски, инаку познат коктел мајстор, реши пејачката да ја побара за жена.

Овој гест можеби згодната фолкерка и го посакувала, ама сигурно ни на накрај од умот не и паднало дека покрај хонорарот за највеселата ноќ ќе добие и брачна понуда.

Целата вчудовидена и изненадена, Андријана останала без зборови, но не и без глас. Вереничкиот прстен бил причина повеќе новогодишната забава да се претвори во општа веселба, на задоволство на сите присутни.

„Абра кадабра, јас сум главна, магија ти правам, ти си шизик, одиме на ризик…“ се стиховите од нејзината најпозната песна „Абракадабра“.

Веројатно Ади знае како се прави „добра магија“, па за нејзиниот шизик да нема веќе ризик!

#Коментари